Балада и романсаБалада
Балада е лирско-епска песна со епски и лирски елементи што со многу чувства опева некој настан кој често завршува трагично.
Баладата се појавила во XV век, во средновековната литература.Баладата може да биде народна и уметничка.Темите во баладите се поврзани со народните преданија, легенди и суеверија, но има и реалистични мотиви.Во баладата има судир на спротивности, доброто наспроти злото, љубовта наспроти омразата.
Македонската народна литература е преполна со преубави балади што најчесто се придружени со мелодија.Во уметничката литература балади пишувале:Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески, Славко Јаневски и др.
Романса
Романса е лирско -епска песна со ненадејни пресврти во дејството и неочекувани решенија, најчесто со љубовна тематика и со среќен крај.
Во народните романси се слави љубовта која по низа перипетии се остварува.
Една од најубавите народни романси е ,,Стојан и Лилјана“, која е ппридрушена и со мелодија, позната како ,,Учи ме мајко карај ме“
Дел од текстот:
Еееј, учи ме мајко карај ме
како да ја земам Лилјана
Лилјана мома убава
Лилјана тенка висока
Лилјана бела црвена
Лилјана ситен босиљок
Лилјана една на мајка.
Учам те синко карам те
како да ја земиш Лилјана
повикај триста мајстори
направи чешма шарена
наврати вода студена
сите селани ќе дојдат
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
белким Лилјана ќе дојде.
Послуша Стојан мајка си
повика триста мајстори
направи чешма шарена
наврти вода студена
сите селани дојдоа
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
кучка Лилјана не дојде.