Убави зборови
Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост наместо мака.
Сѐ што е насилно свирепо грубо
нека го носи името- љубов!
Вистина ставаме наместо лага
смеа и веселба наместо тага.
Болката нека е ведрина сега,
а сите војни да станат шега.
Црното нека си остане боја,
но да не тежи во душата твоја.
Солзите-мака в срце што носат
нека се претворат во капки роса.
-Видое Подгорец
Анализа на песната „Убави зборови“
1. Што е стих?
2.Што е строфа?
3. Од колку строфи е составена песната?
4. Колку стихови брои песната?
5. Од колку стиха е составена првата строфа и како се вика строфата?
6. Препиши една строфа во која има два стиха.
7. Како се вика строфа од два стиха?
8.Како се вика строфа од четири стиха?
9. Како се вика строфа од пет стиха?
10. Како ги разбираш стиховите:
„Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост наместо мака“
11. Кои стилски изразни средства ги пронајде во песната?
Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост наместо мака.
Сѐ што е насилно свирепо грубо
нека го носи името- љубов!
Вистина ставаме наместо лага
смеа и веселба наместо тага.
Болката нека е ведрина сега,
а сите војни да станат шега.
Црното нека си остане боја,
но да не тежи во душата твоја.
Солзите-мака в срце што носат
нека се претворат во капки роса.
-Видое Подгорец
Анализа на песната „Убави зборови“
1. Што е стих?
2.Што е строфа?
3. Од колку строфи е составена песната?
4. Колку стихови брои песната?
5. Од колку стиха е составена првата строфа и како се вика строфата?
6. Препиши една строфа во која има два стиха.
7. Како се вика строфа од два стиха?
8.Како се вика строфа од четири стиха?
9. Како се вика строфа од пет стиха?
10. Како ги разбираш стиховите:
„Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост наместо мака“
11. Кои стилски изразни средства ги пронајде во песната?