Акцент
Нагласувањето на определен слог во зборот се вика акцент(од лат.збор accentus-,,потпевнување“)
Нагласувањето на слогот се прави со помош на силата на воздушната струја,висината на тонот и квалитетот на гласот.Акцентот ги изделува самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот.
Aкцентот во македонскиот стандарден јазик е динамичен(го одликува силината на гласовниот удар врз слогот), определен(на третиот слог од крајот на зборот).
Акцентирање на трисложни и повеќесложни зборови:
воде`ница,не`веста
Забелешка:Акцентот се обележува со надреден знак над самогласката свртен надесно( / ).
Бидејќи на мојата тастатурата нема таков знак, акцентот го обележувам со следниот знак
( `)
Акцентирање на двосложни зборови:
та`тко, клу`па
Акцентирање на едносложни зборови:
сто`л, но`с
Кога се зголемуваат слоговите кај еден ист збор, акцентот се префрла на третиот слог од крајот на зборот.
Пр.у`ченик-уче`никот
Во македонскиот јазик има и зборови што немаат сопствен акцент, тн.клитики.
Тоа се:предлозите, сврзниците, кратките форми од личните заменки и кратката форма од повратната заменка, честичките, некои извици и др.
Акцентот на сложените зборови
Сложенките добиваат акцент на третиот слог од крајот на зборот со исклучок на одредени случаи.
-сложенки со акцент на третиот слог, на пр.:леко`мислен, со`нчоглед.
-сложени бројни именки што завршуваат на -мина:десе`тмина, сто`мина.
-сложенки-прилози:пре`тпладне, дво`кратно.
сложени состави од заменски зборови:ко`ј-годе, какво`-годе.
-броеви со значење на приближна бројност се еден вид сложени зборови, главно се акцентираат на третиот слог од крајот на зборот:пет-шесна`есет, седу`м-осум.
-сложенки со две заповедни форми:тури`печи, молчи`толчи.
Исклучоци:
-сложенки со акцент на вториот слог од крајот на зборот:југоза`пад, северои`сток.
-сложенки со акцент на секој составен дел:а`нглиско-маке`донски.