Акцент
Нагласувањето на определен слог во зборот се вика акцент(од лат.збор accentus-,,потпевнување“)
Нагласувањето на слогот се прави со помош на силата на воздушната струја,висината на тонот и квалитетот на гласот.Акцентот ги изделува самогласките како гласови со најголема звучност и како основа на слогот.
Aкцентот во македонскиот стандарден јазик е динамичен(го одликува силината на гласовниот удар врз слогот), определен(на третиот слог од крајот на зборот).
Акцентирање на трисложни и повеќесложни зборови:
воде`ница,не`веста
Забелешка:Акцентот се обележува со надреден знак над самогласката свртен надесно( / ).
Бидејќи на мојата тастатурата нема таков знак, акцентот го обележувам со следниот знак
( `)
Акцентирање на двосложни зборови:
та`тко, клу`па
Акцентирање на едносложни зборови:
сто`л, но`с
Кога се зголемуваат слоговите кај еден ист збор, акцентот се префрла на третиот слог од крајот на зборот.
Пр.у`ченик-уче`никот
Во македонскиот јазик има и зборови што немаат сопствен акцент, тн.клитики.
Тоа се:предлозите, сврзниците, кратките форми од личните заменки и кратката форма од повратната заменка, честичките, некои извици и др.
Акцентот на сложените зборови
Сложенките добиваат акцент на третиот слог од крајот на зборот со исклучок на одредени случаи.
-сложенки со акцент на третиот слог, на пр.:леко`мислен, со`нчоглед.
-сложени бројни именки што завршуваат на -мина:десе`тмина, сто`мина.
-сложенки-прилози:пре`тпладне, дво`кратно.
сложени состави од заменски зборови:ко`ј-годе, какво`-годе.
-броеви со значење на приближна бројност се еден вид сложени зборови, главно се акцентираат на третиот слог од крајот на зборот:пет-шесна`есет, седу`м-осум.
-сложенки со две заповедни форми:тури`печи, молчи`толчи.
Исклучоци:
-сложенки со акцент на вториот слог од крајот на зборот:југоза`пад, северои`сток.
-сложенки со акцент на секој составен дел:а`нглиско-маке`донски.
Отстапувања од третосложното акцентирање
Отстапувања од третосложното акцентирање имаме кај:
-глаголскиот прилог:оде`јќи, свире`јќи,гледа`јќи.
-прилозите за време:година`ва,лето`во.
-деминутивните прилошки образувања:малку`нѕа,толку`нѕа.
Акцентот на туѓите зборови
Туѓите зборови кои навлегле во нашиот јазик, различно се однесуваат во однос на акцентот.Некои го примиле третосложниот акцент,некои го задржале своето акцентирање,а некои се акцентираат двојно(со наш и со нивни акцент).
Се изделуваат туѓи зборови со акцент на:
-првиот слог од крајот на зборот;
-вториот слог од крајот на зборот;
-третиот слог од крајот на зборот.
Примери:
На првиот слог од крајот на зборот се акцентираат зборовите што завршуваат на -е,-о,-у,или -и:
аташе`, депо`, жири`плато`, реноме`, сиже` и др.
На првиот слог од крајот на зборот се акцентираат и туѓи зборови што завршуваат на согласка:
апара`т,есеи`ст, жето`н, афините`т и др.
Зборовите:ки`но, ко`рзо, па`лто и др. го прифатиле нашиот акцент.
На вториот слог од крајот на зборот се акцентираат следниве зборови:
-архитекту`ра, литерату`ра, култу`ра(-ура);
-операти`вец, конзевати`вец(-ивец);
-генија`лец(-алец);
-материјали`зам, сарка`зам -изам/-азам);
-анте`на, мембра`на, пие`са и др.
-национа`лен,комерција`лен, експанзи`вен, организи`ран, грандио`зен, конкуре`нтен и др.
-демонстри`ра, манифести`ра, комуници`ра и др.
На третиот слог од крајот на зборот се акцентираат туѓи зборови што завршуваат на: -ија,-ика,
-иум,-ичар.
Пр.але`ргија, лингви`стика, ка`лиум, исто`ричар, нау`тичар и др.
Но и:ди`јалог, мо`нолог, ми`кроскоп, ре`ума, и др.